Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ: Дипломатска офанзива за решение на името

0
By Нова ТВ on May 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 6, 2013 09:47

Лидерот на ДУИ Aли Ахмети, заедно со Mуса Џафери е во дипломатска офанзива во САД, чиј приоритет е е наоѓање решение за спорот со името и НАТО.

Ахмети во Белата куќа ќе разговара со потпредседателот Џо Бајден и со високи функционери во Стејт департментот, но има закажано средба и со медијатарот во спорот, Метју Нимиц.

Министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими пак, заминува во Атина на средба со грчкиот министер за надворешни работи Димитри Аврамопулос.

Пред заминувањето на делегцијата за САД, пратеничката Ермира Мехмети во изјава за Алсат се огради од изјавите и коментарите со антиамериканска содржина на претставници и медиуми блиски до владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Жалиме за реториката на нашите коалициони партнери но во исто време нагласуваме дека оваа реторика не е израз на ставови на владата туку на еден од партнерите во коалицијата, изјави Ермира Мехмети.

Пред две недедли пак, Али Ахмети, во колумна за “Дневник” повикa на решение на името и конечно, влез во НАТО, што всушност беше и насловот на оваа колумна -“Време е за НАТО”

Oколу решението за името Ахмети вели: “Ако некој се повикува на зрелост, патриотизам, граѓански интерес, рационалност, а зошто и да не и на идентитетска определеност, велам дека не треба да имаме повеќе ниту една дилема дека токму сега е моментот Република Македонија и нејзините граѓани, со тие што ги носат одлуките да го направат потребниот чекор.

За некого, ова може да биде чувствително, идентитетско прашање. Но, како што нагласив, за една земја, определбата со какви вредности посакува да живее и да се претставува, исто така преставува дел од идентитетот.”

Оттука, тој бара голема одлука за која треба храброст: “За секоја голема цел, треба да се донесе и една голема одлука. И за двете работи, потребна е храброст. Заедничка храброст”, порача Ахмети.

-Ние имавме трпение, разбирање за чувствата на мнозинството, за чуствителноста и одговорноста на нашите политички владејачки партнери, но и регионално и меѓународно разбирање.

Чекавме со голема одговорност и разбирање. Но, дојден е момент кога не треба да отсуствуваат храброста и одлуката за да се направи се што е наша одговорност за да ја отстраниме секоја пречка за да бидеме таму каде што треба да бидеме – во Северноатлантскиот сојуз.

За нас, оваа одлука не може да има алтернатива”., порача во колумна за “Дневник” лидерот на ДУИ, Ахмети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.