Демократската Унија за Интеграција гарантира дека државните институции ќе им помогнат жителите во населбата каде што се одвиваше акцијата на полицијата во Куманово, да им се надоместат материјалните штети.
„Демократската Унија за Интеграција ќе се ангажира за транспарентен, истражен и судски процес за инволвираните во судирите на 9-ти и 10-ти мај во Куманово“, се вели во соопштението на ДУИ.
Од партијата велат дека ги следат сите случувања во Куманово и се во постојан и директен контакт со населението на Куманово и Липково, како и со ограноците и локалните совети на ДУИ во овие две општини, со локалната, законодавната и извршната власт како и со соодветните институции.
„Демократската Унија за Интеграција смета дека настаните во Куманово и Гошинце, но и другите инциденти во последниве месеци, не се во согласност со нашите стратешки определби и не се од интерес и определба на албанската нација во земјата и регионот.
Демократската Унија за Интеграција изразува искрено сочувство до семејствата на загинатите во вооруженот судир во Куманово и им посакува побрзо закрепнување на повредените“, с е вели во соопштението.
ДУИ останува посветена за стабилна и безбедна Македонија. Посветени сме, во соработка со САД, ЕУ и НАТО, за да се постигне целосна рамноправност меѓу албанците и македонците, да продолжи целосната имплементација на Охридскиот Договор, одржување на добри меѓуетнички и соседски односи, да ги надминеме споровите кој го држат заложен Евроатланскиот интегративен процес во мир и безбедност како и час поскоро да се приклучиме во Северноатлантската Алијанса и да ги започнеме разговорите за членство во Европската Унија.
Демократската Унија за Интеграција им се заблагодарува и на Амбасадата на , заедно со Амбасадите на земјите членки на Европската Унија како и на Комесарот Хан за интензивната комуникација и придонесот за надминување на безбедносната криза во Куманово.
„Ги повикуваме сите граѓани во државата да не подлегаат на разни дезинформации кои не помагаат во смирување на ситуацијата и точното инфомирање на јавноста“, се вели во соопштението на партијата.




