Published: Thursday, May 1, 2014 18:20
Абдулаќим Адеми, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Бујар Османи, Артан Груби, Блерим Беџети, Изет Меџити и Аднан Јашари е осум-члениот тим избрано од Централното претседателство на ДУИ кое ќе преговара со ВМРО ДПМНЕ за следниот мандат на владата.
Интерната координација за градење платформа со која треба да излезат пред ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ ќе ја базира на програмата со која на изборите ја добиле довербата на народот.
Според наводите преговорите треба да започнат по мајските празници.
Првично ќе се разговара за принципите за заедничко владеење, а постепено ќе се допираат и конкретните теми.
Во преговорите нема да биде изоставен процесот на евроинтеграции, кој ќе се третира како државен приоритет – членството во НАТО и ЕУ.




