Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ го претстави првиот завет: Референдум во нашите општини-како дел од изборната програма

0
By Mirjana on September 18, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денеска преку прес-конференција
елаборираше еден од петте столба на нејзината Изборната програма,
вклучувањето на граѓаните во донесувањето на одлуки.

Агим Нухиу од ДУИ истакна дека секојдневната политика подразбира
донесување чести и важни одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на
граѓаните и нивната
иднина.

Според ДУИ, сите градоначалници се должни да организираат референдум за
сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.

“Избери живот и гласај зелено“ – е слоганот на Демократската унија за
интеграција за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Вчера, го претставивме слоганот, додека денес пред вас го претставуваме
еден од петте столба на Изборната Програма на Демократската Унија за
Интеграција, Агендата за вклучување на граѓаните во донесувањето на
одлуки.

Како партија на дадениот збор и направено дело, Демократската Унија за
Интеграција се согласи со сите кандидати за градоначалник да се
придржуваме до петте заклетви:

-Зелената агенда
-Дигиталната агенда
– Aгендата на вклучување на граѓаните
– Агендата на отворена врата и
– Агендата нула толеранција.

Дневната политика подразбира донесување чести и важни одлуки кои влијаат
на секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина.
Вклучувањето на граѓаните во одлучувањето значи дека главните одлуки
нема да бидат донесени од тесниот круг на раководење во општината
непосредното раководство на општината, туку од ВАС, од граѓаните.

Сите наши градоначалници се должни да организираат референдум за сите
важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.
Граѓаните ќе зборуваат сами и заедно ќе одлучиме.

Гласот на граѓаните ќе се зајакне уште повеќе. Вие граѓаните ефективно
ќе учествувате во јавната политика и одлучувањето во нашите општини.

За да се постигне ова, Демократската Унија за Интеграција во овој нов
мандат ја подаде раката и го направи партнер граѓанскиот сектор.

Бројни личности од граѓанското општество се дел од Листите на советници
за локалните избори на 17 октомври.

Демократската Унија за Интеграција, пред неколку недели објави јавен
конкурс за советници во општина Гостивар, каде интересот на граѓаните
беше исклучително голем, со што се направи најдобриот избор за граѓаните
на Гостивар.

Повеќето кандидати од граѓанското општество веќе се дел од листата на
советници.

Во сите ограноци, Демократската Унија за Интеграција вклучи претставници
од граѓанското општество во листите за општински советници, со
единствена цел придонесот да биде што е можно поголем преку заедничкото
одлучување, за еден нов стандард на локално ниво.

Почитувани граѓани.

Денес, го избираме зеленото , го избираме животот, бидејќи ова е
најдобрата иднина за нас и за генерациите што доаѓаат,Избери Живот,Гласај Зелено!, изјави на прес конференцијата Нухиу.

ДУИ локални референдуми прес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.