Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ ја презентираше програмата за Гостивар, најавија отстранување на депонијата во Русино

0
By НОВА ТВ on September 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, Башким Хасани на денешната прес -конференција ги изброи проектите што се составен дел на оваа програма и изјави дека таа е составена во соработка со граѓанскиот сектор и граѓаните.

Според Хасани, платформата е објективен одраз на потребите на граѓаните кои очекуваат промена. Во неа се предвидувени проекти кои ќе бидат решенија за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Гостивар и кои во фокусот го имаат квалитетниот живот, развојот на инфраструктурата, квалитетното образование, создавањето чиста животна средина и безбедно место за сите.

Инаку, денеска во Гостивар ДУИ ќе одржи изборен собир на кој ќе ги претстави кандидатите за градоначалници и општински советници.

-Заедно со Невзат Бејта како кандидат, по 17 октомври ќе го започнеме заедничкиот пат за чист град, безбеден за жителите и нивните деца, за модерна јавна инфраструктура, спорт, рекреативни капацитети и квалитетно образование. Време е да станеме на нозе за Гостивар, да се стави крај на хаосот, да се ослободи градот од кучињата скитници, да се претвори депонијата Русино во безбедна и уредна депонија и да се отстранат казината подалеку од центарот на градот. Главните цели на Демократската унија за интеграција за Гостивар се: повеќе зеленило и изградба на неразвиениот дел од паркот, нови патеки за трчање и возење велосипед, чистење на градот од отпад и нечистотијата, фокус на регулирање на депонијата Русино според сите еколошки стандарди, изградба на посебен и модерен центар за сместување и третман на кучиња скитници и ќе ги преместиме казината и игрите на среќа од нашите населби, изјави Хасани.

Гостивар ДУИ Невзат Бејта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.