Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку соопштение велат дека вчера постигнатиот договор помеѓу лидерите на четири те најголеми политички партии со посредство на меѓународната заедница, ќе ја врати политичката стабилност и да се доближи уште повеќе до НАТО и ЕУ.
„ДУИ го поздравува вчерашниот договор за единствената отворена точка од 2 Јунскиот договор, која што се однесуваше за формата на Владата која што ќе ги организира предвремените избори, и изразува убедување дека Македонија од синоќа е посилна, ја врати политичката стабилност и се доближи уште повеќе до НАТО и ЕУ.
ДУИ им се заблагодарува на авторитетите од меѓународната заедница за придонесот кон постигнување на конечен договор и изразува почит и за конструктивната улога на партиските лидери во правец на надминување на тешката политичка криза во земјава.
Договорот од 2 јуни заедно со извештајот на г. Прибе, итните препораки на ЕК, препораките на високиот дијалог предупредена од ЕУ како и препораките на анкетната парламентарна комисија за настаните од 24 декември, се предмет на работната група под раководство на г. Петар Ванхут и со учество на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и олеснувањето на ЕУ и САД.
Во контекст на договорот на 2 јуни, ДУИ до работната група ги има доставено предлозите за точките што се однесуваат на меѓуетничките односи, целосната имплементација на Охридскиот Договор, добрососедските односи и на Евроатлантските интеграции.“, се вели во соопштението.
Основните точки на договорот, кој околу 1 часот по полноќ беше постигнат помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со посредство на комесарот Јоханес Хан и тројцата европски пратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл се предвремените избори на 24 април 2016 година.
Во септември нов специјален јавен обвинител кој ќе ги отвори прислушувањето и Пуч, а опозицијата ќе се врати во Собранието. Од 15 јануари 2016 година ќе биде назначен нов премиер до изборите а СДСМ влегува во 5 министерства.
На договорот му претходеа низа антивладини протести, политички бомби на опозицијата и речиси двомесечно кампување на граѓаните кои се „за“ и „против“ актуелната власт.




