Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ на митинг во Долнени и Пласница, Ахмети: Да ги поддржиме Ибески и Јаоски

0
By НОВА ТВ on September 29, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ вечерва кампањата за локалните избори ја продолжи од Долнени во Пласница. Партијата ги претстави кандидатите за градоначалници на Долнени и на Пласница, Урим Ибески и Алија Јаоски, како и листата на советници.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Долнени и на Пласница рече дека изборната платформа на неговата партија се базира на Зелената агенда која гарантира подобар квалитет на животот за сите граѓани на Пласница.

– Никој не веруваше дека во оваа земја ќе се постигне заедниците да се разбираат меѓу себе, има уште многу работа, дали има предрасуди, се разбира дека има. Оваа земја наскоро ќе биде дел од ЕУ и верувам дека оваа земја има капацитет да ги придвижи работите напред. Денес сме со нова агенда, многумина имаше дилеми, но ние излеговме со оваа платформа. Значи, оваа платформа е живот, таа е за свеж воздух. На Алија Јаоски како кандидат за градоначалник, ние ќе му стоиме блиску и мора да го поддржиме и да излеземе со бел образ, нагласи Ахмети.

Кандидатот за општина Пласница, Алија Јаоски побара поддршка од жителите за да продолжи понатаму со реализација на проектите што се во изборната програма за општина Пласница. Тој кажа дека главниот мотив да се кандидира за функцијата на чело на општината се токму младите и Зелената агенда.

– Од сите проекти што ги испративме до различни министерства, сите се одобрени и имплементирани. Заблагодарувајќи им се на пратениците и министрите за регионалниот пат кој се гради и е во завршна фаза што ќе им служи на сите граѓани. Би сакал да нагласам една многу важна работа, благодарение на првиот вицепремиер Груби, вработените врз основа на Охридскиот Договор се распределени на работни места во Кичево и Македонски Брод. Ви ветувам на сите дека ќе работиме уште понапорно за вработување на младите луѓе во различни институции, вклучително и на раководни позиции, и имам порака дека младите треба да продолжат со високото образование, кажа Алија Јаоски во својот говор пред жителите на Долнени.

Кандидатот за градоначалник на Општина Долнени од редовите на ДУИ, Урим Ибески од жителите побара поддршка за, како што рече, да продолжи понатаму со реализација на проектите што се во изборната програма за општина Долнени. Тој рече дека главниот мотив да се кандидира за функцијата на чело на општината се токму младите и Зелената агенда.

– Задоволство ми е да се појавам пред вас како кандидат на ДУИ, овој предизвик е полн со одговорност за подобар живот на жителите овде, за заедно да го продолжиме патот на развој на општината. Економијата и намалувањето на невработеноста и еднаквоста за мене се почетна точка, ние мора да продолжиме со реализацијата на веќе започнатите проекти. Да и дадеме сјај на нашата општина и да ја направиме добра за живеење за сите нас. Знам и верувам дека ќе го видите вистинскиот пат, пред да почнам да раскажувам за нашата кампања, нема да биде само ова напишаното туку и повеќе затоа што имаме поддршка од Владата и ДУИ. Довербата на граѓаните е аманет која не треба да се заборави. Пред почесниот градоначалник Ахмети, давам збор дека ќе го искористам целиот мој потенцијал, дека навистина ќе му служам на народот и ќе ја барам вашата поддршка, драги граѓани, нагласи во својот говор, кандидатот на ДУИ за општина Долнени , Урим Ибески.

ДУИ избори кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.