Ако ВМРО не го прифати предлогот на ДУИ за консензуален кандидат, тојаш партијата на Ахмети не исклучува предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, јавува
Алсат-М
Генералниот секретар на ДУИ го нарече незрело евентуалното одбивање на предлогот за заеднички претседателски кандидат. Абдулаќим Адеми рече дека ДУИ нема да чека долго за одговор од ДПМНЕ.
“ДУИ смета оти ако не наидеме на разбирање околу нашиот предлог за консенсуален кандидат, сметаме дека политчките субјекти уште не се спремни за ваков предлог, уште се незрели за соочување со новите предизвици. Ставот на ДУИ е дека ако нема позитивен одговор, сериозно ќе се разгледуваат сите опции, вклучително и предвремените избори“, рече Абдулаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ.
Адеми вели дека очекуваат одговор од ДПМНЕ и оти немаат разговарано за предвремени избори.




