Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ: Организаторите на „Виена“ да се произнесат за условите на Заев

0
By Нова ТВ on April 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 20, 2016 17:14

По најавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека доколку не се исполнат два услови – повлекување на аболицијата и одложување на изборите, тој нема да присуствува на закажаната лидерска средба во Виена, со реакција се огласија и ДУИ, кои се уште остануваат на ставот дека треба да се оди во Виена.

„За условите кои денеска ги постави Заев, треба да се произнесат организаторите на средбата“, изјави портпаролот на партијата, Артан Груби за НОВА.

Од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев со денеска претставените услови за учество во преговорите во Виена, уште еднаш покажал дека не се грижи за иднината на Република Македонија, за стабилноста и за немирот кој секојдневно го внесувал помеѓу граѓаните.

dimovski2„Во овие денови кога нема граѓанин што не е загрижен за актуелната состојба и кога нема Македонец кој не очекува излез од кризата во која што СДСМ и Заев ја втурнаа земјата, тој продолжи со уцени и условувања кои ја туркаат државата надолу и ја продожуваат кризата до недоглед. Зоран Заев денеска донесе неодговорна и деструктивна одлука бегајќи од разговори со кои треба да се трасира патот кој води кон избори и кон решавање на кризата. Зоран Заев денеска и заврти грб на Македонија и потврди дека неговата намера е продлабочување и ескалирање на кризата, затоа што тој и луѓето околу него можат да функционираат и да привлечат внимание само во време на криза, изјави членот на ИК на партијата, Илија Димовски.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска соопшти дека нема да свика седница на Собранието за да ја отповика одлуката за распишување избори на 5 јуни затоа што смета дека тоа би било грубо кршење на Уставот.

„Согласно членот 63, став 6 од Уставот, цитирам: ‘Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници’. Во контекст на ваквата уставна одредба, сакам уште еднаш да потенцирам дека пратениците од осмиот состав на македонскиот парламент, ваква одлука со значително мнозинство веќе донесоа, односно тие се распуштија. Тоа во суштина значи дека било какво свикување седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата. Во оваа смисла, сакам да и укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оценка на уставноста – Уставниот суд уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање при што, крајно логично заклучува дека, цитирам: ‘со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста’.

Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија“, се вели во неговото соопштение.

Од Кабинетот на претседателот Иванов засега не се достапни за коментар за условите кои ги постави Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција соопшти дека неговата партија нема да учествува на лидерската средба во Виена со посредство на европски претставници, доколку претходно не бидат исполнети два предуслови.

„Иванов да ги повлече срамните одлуки за помилување по налог на Груевски и спротивни на Уставот и да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за одржување на избори на 5 јуни, се до исполнување на условите за одржување демократски, фер и кредибилни избори. Ако сакаат Иванов, Груевски и Вељаноски, одлуката може да се смени за два часа, рече Заев.

Доколку овие услови не бидат исполнети Заев најави дека СДСМ нема да учествува на средбата во Виена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.