Денешната посета на Папата Франсис во Тирана е израз на почитување на целиот свет за меѓуверскиот соживот на Албанците низ векови како изразена карактеристика на нашиот народ што денес моќе да послужи како модел за надминување на верски недоразбирања во целиот свет, но истотака и како поврзувачки мост помеѓу Христијанството и Исламот.
Овој соживот не е случаен за еден дамнешен народ кој што и ja подари на целиот свет блажената Мајка Тереза, Скопјанката Гонџе Бојаџиу, која што се издигна во симбол на хуманизмит и меѓучовечката љубов над верските убедувања.
Доаѓањето на Папа Франсис во Албанија е истовремено израз на почит и за Албанскиот народ и придонесува во промоцијата на Албанија на одличен начин затоа што денес, сиот свет, преку најголемите светски медиуми, ги има вперено очите кон Тирана и дознава за Албанците и Албанија.