Централното претседателство на ДУИ синоќа одржа редовна седница на која го разгледуваше извештајот на Одборот за организација на внатрешните партиски избори, со акцент на динамиката на реализација на изборниот процес во локалните ограноци на Партијата.
– ЦП на ДУИ констатираше дека внатрепартиските избори се одржуваат во рамките на статутарните норми на Партијата и во услови каде членството слободно може да ја изрази својата воља при избор на локалните партиски претставници во една демократска и свечена атмосфера.
– ЦП го охрабри Организациониот Одбор да продолжи со истата динамика и позитивните практики се до целосно комплетирање на изборниот процес во сите ограноци, се вели во денешното соопштение од ДУИ.
Од партијата истакнуваат оти имајќи ја предвид оваа динамика, Централното претседателство одлучи годишнината на основање на ДУИ – 5 јуни наредната година да биде ден кога ќе се одржи третиот конгрес на партијата.
За претседател на организациониот Одбор е назначен генералниот секретар Абдулаќим Адеми за Централното претседателство дискутирало и за правичната застапеност на заедниците во институциите и поголемите компании.
Централното претседателство на ДУИ дискутирало и за правичната застапеност на заедниците во институциите и поголемите компании и побарало од надлежните институции во координација со СИМО да продолжат со несмален интензитет во надгледувањето, контролата и поттикнувањето на државните институции во почитување на уставните начела на правична застапеност, но и интензивирање на контактот со странските инвеститори во Република Македонија да ја имаат в предвид правичната застапеност при развојот на нивните инвестиции.




