Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ вечерва на митинг во Сингелиќ: Фокус на гасификација, железници, дигитализација, канализација и водоснабдување

0
By НОВА ТВ on October 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ вечерва ја продолжи предизборната кампања во Сингелиќ, општина Гази Баба, презентирајќи ја листата на кандидати за советници во оваа општина. Пред присутните се обратија претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Артан Груби од ДУИ и носителот на листата на кандидати за советници, Сафет Адеми.

Ахмети пред присутните додаде дека приоритет на ДУИ е унапредувањето на кадарот и неговото школување.

– Имавме обврска да ја имплементираме и работиме за нашата програма која го дефинираше меѓународниот договор што го потпишавме, ДУИ пред се јас како нејзин лидер, го имав приоритет унапредувањето на кадарот, нивното школување и нивната специјализација, затоа што така мислев дека придонесувам за нацијата за конкурирање со структура во Брисел и Вашингтон. Исто така, и за предизвиците во институциите во насока на водење на државата, затоа што не сакав да се посрамотиме како нација туку да покажаме вредности и конкуренција, бидејќи кога работиш и го затвораш поглавјето на јунаштвото, започнува поглавјето на мудроста, рече Ахмети.

Груби за време на својот говор пред присутните нагласи дека сега фокусот е ставен на гасификација, изградба на пруги, дигитализацијата итн.

– Ми претставува огромно задоволство да ги видам во толку голем број нашите сопартијци и ова ме потсетува на собир од 2013 година, кога претседателот одлучи да се кандидираме за Градот Скопје, имаше голема мобилизација за тие избори, освојувајќи рекорден број 31 илјади гласови и овој дух продолжува и денес, а истите ќе се редат заокружувајќи ја бројката на ДУИ. Денес му го вративме на Сингелиќ она што му го имаме земено и имаме кадри кои го обелуваат лицето не само на ДУИ, туку и на сите Албанци. Ние изработуваме проекти кои целиме да ги спроведеме две децении. Пред два дена го имавме претседателот на Бехтел кои беа за да го изградат Коридорот 8, а во исто време го градиме патот до Блаца, додека пред неколку недели го поставивме камен -темелникот на булеварот Хасан Приштина. „Фокусирани сме на гасификација, железници, дигитализација, канализација и водоснабдување во сите населени места, а тоа е ДУИ, партија која се оживува како феникс, рече Груби.

Носителот на листата на кандидати во општина Гази Баба од редовите на ДУИ, Сафет Адеми истакна дека ќе работат со најголема сериозност за подобар живот за граѓаните во новиот мандат.

– Самото учество на највисоките претставници на ДУИ ја потврдува поддршката на нашата изборна програма за овие локални избори. Нема да зборуваме и нема да се занимаваме со минатото туку со иднината. Само ќе кажам дека минатото е време да се каже „му реков, ми рече“, сега е време за проекти. Имам право да кажам дека мојот тим изработи платформа со која ќе работиме во следните четири години, рече Адеми.

ДУИ избори кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.