Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дукат се повлекува од Македонија, токсични уште две млека

0
By Менче Атанасова Точи on February 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откриена е уште една пратка на сомнително канцерогено млеко „Моја кравица“ со рок на траење до 14 август 2013 година. Според Агенцијата за храна и ветеринарство млекото се наоѓа во еден од магацините во државата и не е пуштено во продажба.

– Инспекторите од Агенцијата зедоа мостри од наведениот производ со цел да се потврди резултатот и со истиот ќе се постапува во зависност од лабораторискиот извештај велат од Агенцијата.

Од добиените резултати на анализите од млеката кои во моментот се испитуваат утврдено е зголемено присуство на афлатоксинот М1 во уште еден производ по потекло од Хрватска.

– Станува збор за производот “Млеко Дукат УХТ 2,8%ММ +7 витамини 1Л“, со рок на траење до 19.04.2013 година. Целата количина од овој производ околу 2.000 литри, се наоѓа во магацинот на увозникот и не е пуштена во промет. Ова млеко деновиве ќе биде уништено. Останатите 35 производи од наведената пратка се исправни и тие ќе бидат пуштени во продажба велат надлежните.

Во меѓувреме Дукат одлучи да ги повлече сите трајни млека од продавниците кои се наоѓаат на македонскиот пазар, иако Агенцијата за храна и ветеринарсво потврди дека се безбедни.

Останатите млечни производи, јогуртите, киселите млека, сирењата, намазите, нема да бидат повлечени од пазарот бидејќи веќе биле проверени и исправни.

Следната пратка од млеката на „Дукат“ која ќе биде внесена во државата освен на микробилошки анализи ќе подлежи и на испитување за афлатоксин М1 што производителот дополнитено го воведува за сите свои производи иако немаат законска обврска за тоа.

– Претставништвото на компанијата се одлучи на овој чекор со единствена цел, да ја врати довербата и сигурноста и да се избегне стравот при нивната консумација велат во Дукат.

Тоа значи дека производите кои ќе бидат испорачани набргу ќе бидат првите и засега единствени двојно проверени млека на пазорот.

Останува нејасно како ниту една од сомнителните пратки со канцерогено млеко не се нашла на рафтовите во македонските маркети, туку само во магацините на дитрибутерите.

Добро упатени извори за НОВА велат дека пред нова година само во еден ден во Македонија влегле огромни количини на млеко од увоз.

Сепак, надлежните смируваат бидејќи сега секое млеко пред да оди во продажба се испитува дали содржи зголемни количини на афлатоксин М1.

Од друга страна експертите не препорачуваат да се купува млеко директно од производителите бидејќи тоа, пак воопшто не е испитано.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.