Published: Tuesday, September 24, 2013 09:09
Познатиот пејач од дуото „Дуле и Коки“, Душан Љубисављевиќ, кој почина вчера пладне, денеска ќе биде погребан во родниот Штип.
Општина Штип денешниот ден го прогласи за ден на жалост.
Како што објави НОВА тој на Ургентниот центар во Скопје, бил донесен во саботата попладне, во тешка состојба со повеќе хрoнични заболувања.
Дуле пред три години бил опериран од панкретаит, а имал и хепатит. Лекарите не можеле ништо да сторат, смртта настапиле откако откажала работата на неговото срце.
Инаку Дуле пред четири месеци стапи во брак Љупка Настовска.




