– Јас сум ужасната од денешната пресуда, оваа претерана пресуда е загрижувачки развој на настаните, и испраќа јасна порака за цензура до останатите новинари во земјата, вели Дуња Мијатовиќ, специјален претставник на ОБСЕ во нејзината реакција по повод објавувањето на пресудата за Кежаровски.
Според неа, денешната пресуда има сериозни последици за слободата на изразувањето и слободата на медиумите.
„Обвинувањата против новинарот за неговите новинарски активности ги прекршува фундаменталните човекови права и слободата на изразувањете, како и заложбите на земјите-членки на ОБСЕ за развивање и заштита на слободните медиуми, изјави Мијатовиќ.
Таа го повтори апелот до властите за итно ослободување на Кежаровски и исто така потсети на нејзините официјални барања да го посети Кежаровски во притвор.
„Се надевам дека ова барање ќе добие третман каако приоритет, надополнува Мијатовиќ.
Новинарот Томислав Кежаровски, обвинет во случајот Ликвидација е осуден на казна затвор од четири и пол години. Останатите обвинети меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години. Судскиот процес за овој случај траеше два месеца.




