Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дури и Филипче би сакал да завршиме така

0
By Биљана Секуловска on October 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 10, 2020 11:12

Знам, знам што ќе речете- најдобро е да се затворат ушите, да ги покриеме или искорнеме сите рецептори, да талкаме со затворени очи, да се губиме, да паѓаме и да не може да станеме, но никако да не се слуша министерот за здравство, Венко Филипче. Неговите нови мерки за пандемијата се навистина драстични и сурови, крека и запомага мнозинството, со видливи отворени рани на душата, се прпелка и урлика, како лично Филипче да наредил рушење на барикадите на францускиот отпор на генералот Де Гол и во последен момент, предавнички и перфидно, се приклучил на квислингот, маршалот Петен.

Сепак, нашето револуционерно чедо е од поинаква сорта- кафеаните,  славите и имендените се се што имаме вредно за почит и славење, нивната одбрана подразбира света задача за сите јуначки подвизи на маалските славеи и биљбиљи. Кафеаната е нашата единствена зора и зајдисонце, нашиот живот, макар се испоставил подоцна како проклетство, таму се раѓаме, крштеваме  и несигурно проодуваме, и така до крајот се тетеравиме. Конечно, кога умираме, таму сакаме да не закопаат, затоа што таму се раѓаат срцата на хероите, таму се вајаат бистите, баш таму се коваат медалјите.

Навредено, огорчено и рика одвнатре тоа незадоволно мнозинско кафеанско чедо, кипти од бес ако му ја одземете со полициски декрет столицата во кафеана, но не се поместува кога светот е подготвен за црвени револуции, кога е дадена команда дека никако не смеат да бидат кадифени, меки и нежни со допир на пролетен ветрец, кој носи ударнички елан и дух.

Пропаста на кафеанџиите и славењата во домовите после забраните за собири, во очите на многумина изгледа како најбрзата можна апокалипса, нималку споредлива со спориот и очекуван пад на Римското царство. Се бројат мртвите и ранетите, се сопнуваат и цвилат за нова, свежа крв, сосема несвесни за последиците во оваа мала, сиромашна земја, која после децениското владеење на Груевски денес нема доктори, медицински кадар, лекови, болнички кревети, нема ништо, ама навистина една голема, дебела и заоблена  нула е се што има.

Но, не, тие не се предаваат- дебатираат запенавени и поткачени на кафеански столчиња, врескаат со зариени ножеви заради подраматичен ефект, но внимаваат сепак, нашиве интелигентни биљбиљи, строго да се сочуваат виталните органи. Се чукаат во градите нашиве кафеански нобеловци дека нивните научни тези ја препознаваат опасноста од Ковид 19, ги изложуваат со длабок и важен глас, иако јазикот е заплеткан и неповрзан. Слушнете ја ваму оваа  компаративна методологија на морталитетот- ако имаме годишно статистика од педесетина илјади умрени од се друго, зошто би биле поважни оние илјада од проклетијата коронавирус?

Но, проблемот со оваа теза е што не е нова, ниту целосно кафеанска- научниот свет ја води веќе со месеци, но што ако, за жал, таа е бесмислена и јалова дебата. И додека еден дел од научниците се водат од здрав разум, останатите сепак, користат емпириски докази, научни факти, кои јасно покажуваат дека главниот проблем е најголемата болка на денешнината. Тоа е проблемот на краткиот временски период- “умираат голем број луѓе од коронавирусот, а тогаш здравствениот систем не може да одговори соодветно- капацитетите се преполнуваат, медицинскиот кадар станува премал и шансите за лечење и преживување стануваат минимални”.  Со тој проблем се соочува целиот свет, дури и најбогатите и најмоќни земји, кои не можат да обезбедат огромен број на кревети, ниту пак соодветни бројки на здравствени работници.

Затоа светот е преплашен и токму затоа повторно почнува да се затвора, да ги заварува катанците и да воведува ригорозни мерки, да се изолира и да прогласува запирање, барем следниве есенски и зимски месеци. Кафеанските лелеци тука веќе не помагаат, иако би било тоа најдоброто сценарио, секако најпривлечното и најдрагото- дури и Филипче би сакал да беше така, пијано и весело да преживееме, баш така да заврши се.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.