Текст од Јужне вести, Србија
Требаше да се обнови стариот Регистар на јавни медиуми и да се направи потранспарентно работењето на српските медиуми, нивната сопственичка структура, но и приходите од јавниот буџет. Сепак, државниот Регистер на медиуми е во голема мерка затворен, нетранспарентен, но и нефункционален и некредибилен извор на информации во делот кој ги опфаќа интернет порталите, покажува анализата на Асоцијацијата на онлајн медиуми (АОМ).
Дури четвртина од сите интернет портали запишани во Регистарот на медиуми немаат ни најосновни податоци за интернет адресата или името на главниот и одговорен уредник. Тоа е еден од најголемите недостатоци, се наведува во извештајот „Кој ги информира граѓаните на интернет?“.
Меѓу сериозните недостатоци се наоѓа и податокот дека речиси 10 отсто од регистрираните портали немаат импресум или тој е нецелосен, па посетителите на тие сајтови не знаат кој е сопственик или кој ги уредува содржините.
Моменталната состојба во Регистарот на оналјн медиуми
Координаторот на анализата и претседател на АОМ, Предраг Благојевиќ, вели дека проблемот во најголем дел е поврзан со порталите кои се регистрирани пред десетина години, кога е формиран првобитниот Регистар на јавни медиуми, а не се пререгистрирале после 2015 година, кога стапи на сила новиот Закон за информирање.
– Законот го обврза АПР (Агенција за привредне регистре) сите медиуми од стариот регистер кои до одреден датум нема да се пререгистрираат самите, по автоматизам само да се префрлат во новоформираниот регистер. А бидејќи во стариот регистер немаше такви податоци, тие не можеа да бидат префрлени ни во новиот. Проблемот тука настана во тоа што АПР не бараше од порталите дополнителни податоци кои недостигаат, а последицата е уште полоша состојба на Регистарот на медиуми – вели Благојевиќ.
И додека овој проблем, додава Благојевиќ, може да се реши во прилично краток рок и на едноставен начин, суштински многу поголем проблем се крие за фасадата, а тоа се идентичните или многу слични називи на медиумите.
На пример, во Регистарот на медиуми се запишани дури три портали кои се викаат „Нишке вести“, потоа портали кои се викаат Књежевски вести, Књажевац инфо, Књажевац онлајн и Књажевачке новине.
– Ова претставува особено голем предизвик за прашањето на медиумска писменост, бидејќи формирање на медиуми под исти или слични имиња може да биде моќно оружје во политичката пресметка со независните медиуми, кои така ќе биде далеку поедноставно да се компромитираат во јавноста – вели Благојевиќ.
Благојевиќ потсетува дека законот забранува во цела Србија да постојат две правни лица кои имаат идентичен или сличен назив, за што грижа води токму АПР, а таа иста институција дозволува идентични називи таму каде што теренот е уште поосетлив.
Портали никнуваат како печурки после дожд
Во последните четири години, од усвојувањето на новиот Закон за информирање, убедливо најмногу новорегистрирани медиуми се интернет порталите.
Од август 2014 година до март 2018 регистрирани се дури 490 портали, а во истиот период во Регистерот на медиуми се запишани 176 весници, и 87 радио и ТВ станици.
Притоа, од усвојувањето на новиот закон видлив е енормен пораст на бројот на регистрирани интернет портали.
*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.




