Љубљана: Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати, јавија словенечките медиуми.
На седницата на Советот за национална безбедност беше донесена одлука за зголемување на присуството на полицијата во Ново Место, испраќање дополнителни сили таму од други делови на Словенија и активирање на специјални полициски единици доколку е потребно.
На повиците на опозицијата со кои се бара оставка од целата влада, Голоб одговори:
Моето заминување не може да го врати таткото во живот. Министрите ја презедоа одговорноста. Моето заминување би било бегство од одговорноста, сакам да ја преземам за да може животот, не само во Долењска, туку и во цела Словенија, да биде побезбеден во иднина.
Во ноќта од петок кон сабота во центарот на Ново Место се случи напад врз граѓанин кој претрпел сериозни повреди на главата, а подоцна починал во болница. Нападот се случи во саботата околу 2:30 часот наутро, кога маж дошол во бар на улицата Розманова за да го земе својот син, кој му се јавил бидејќи му се заканила група Роми. Според првичните информации, мажот бил претепан од групата, но полицијата досега уапсила 20-годишен осомничен припадник на росмка заедница, јавија словенечките медиуми.

