Учениците со дециден став – Не за екстерното тестирање. На министерот за образование Панче Кралев му дадоа два дена да се откаже од екстерното во спротивно, велат, ќе го бојкотираат тестирањето.
Основците како и средношколците деновиве протестираа низ повеќе градови во земјава.
Со јасна порака од пред Министерството за образование истакнаа дека не сакаат да бидат предмет на експерименти и дека надворешното оценување не оди во ничија корист.
Голем број ученици и низ улиците на другите градови во Македонија го искажаа својот револт протв екстерното тестирање. Во видеото погледнете ги средношколците и основниците во Струмица.