Два нови смртни случаи во болницата во Битола за само 24 часа. Пациент од кој бил донесен од Демир Хисар, утрово во 4 часот се пожалил на болки во горниот абдомен и со симптоми на гадење, бил прегледан и препратен да прими инфузија. Откако ја примил инфузијата и состојбата му се подобрила, пациентот бил пуштен дома, но по кусо време починал пренесува телевизија Тера.
Директорот на болницата Василе Најдовски, изјавил дека немало никакви проблеми со инфузијата. Пациентот по примената терапија бил пуштен дома, но нагло му се слошило надвор од болницата, по што починил. Направена е обдукција на телото на починатиот, а резулатите ќе покажат од што починал пациентот.
Во вториот човек случај човек кој сеуште не е идентификуван, бил пронајден од обезбедувањето на болницата во делот кај трафиките пред болничкиот двор. Откако биле извршени сите клинички процедури, се констатирало дека неговите органи не функционираат, по што починал.
„Тој е пронајден во кома на улица, надвор од кругот на болницата. Се обидовме да му помогнеме. Имаше масовно крвавење поради што паднал во кома. Пробавме да му помогнеме, но, за жал, немаше одговор од организмот“, изјавил Најдовски.
Само пред неколку дена 29 годишно момче почина пред да биде отпуштен од болница, по десет дена лекување. Обдукцијата покажа дека имал мозочно крварање. Најдовски тврди дека за сите овие три случаи е постапено според протоколите.



