Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа нова победа во АБА 2 лигата. Аеродромци попладнево во Сараево го совладаа тимот на Спарс со 77:65 (по четвртини: 16:20, 18:15, 23:17, 20:13) и се лидери на табелата по мечот од второто коло што ќе се комплетира утре.
Американецот Џабади Хиндс овојпат ја презеде лидерската улога на Нуни Омот од мечот со Слобода Тузла во првото коло. Кошаркарот од Њујорк го заврши мечот со 23 коша (2/2 слободни фрлања, 6/10 за два поена, 3/9 за тројка) и малку му недостасуваше за трипл-дабл ефект (9 скока, 8 асистенции, 3 „украдени“ топки“). Двоцифрен број кошеви постигнаа упте Дамјан Стојановски (12) и Нуни Омот (10).
Нареден противник на МЗТ Скопје во АБА 2 лигата ќе биде тимот на Рогашка на 15 октомври во СЦ „Јане Сандански“.