Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца полицајци “на посета“ во Цивил-Центарот за слобода

0
By Нова ТВ on May 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 22, 2015 11:10

Двајца припадници на полицијата го посетија ЦИВИЛ, вчера во 12:40 часот. Со зборовите, „вие сте сомнителни“, божем на шега, двајца униформирани полицајци влегоа во дворот кој е приватна сопственост и во кој седеа тројца членови на координативниот тим на организацијата. Иако униформирани, рекоа дека не се во службена посета. Изговор за посетата им беше дека тука порано доаѓале бездомници, а потоа, без покана, удобно се сместија на столовите и почнаа со испрашување. Ги интересираше како „заработува“ ЦИВИЛ, од каде се парите за опстанок, прашуваа за тоа кој каде живее, за етничката и верската припадност, констатираа дека луѓето на ЦИВИЛ се тие што протестираат, информираат од здружението на граѓаните.

„Прашањата кои се поставија на вчерашниот „информативен разговор“ кој го изврши полицијата при својата визита во ЦИВИЛ, не би сакале да ги сметаме за форма на притисок и се надеваме дека, сепак, се работи за изолирана и случајна посета. Но, чувствуваме потреба да ја информираме јавноста за оваа блиска средба, имајќи ја предвид општата состојба.

Што се однесува до прашањата за тоа како „заработуваме“ ја информираме полицијата дека сите податоци за проектите и финансиите на ЦИВИЛ се наоѓаат на веб страната, на социјалните мрежи и другите онлајн канали на организацијата. Исто така, деталните информации за сите активности на организацијата ги презентираме во јавноста преку многубројните јавни настани и прес конференции на јавен простор, на кој полицијата е повеќе од добродојдена.

Понатаму, ја потсетуваме полицијата дека ЦИВИЛ е организацијата која во изминатите 15 години од постоењето, меѓу другото, дава голем придонес кон јакнење на јавната свест за опасностите од нелегалното оружје по безбедноста и сигурноста, за подобрување на соработката меѓу полицијата и граѓаните и за надминување на култот кон оружјето“, соопшти ЦИВИЛ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.