Двајца македонски државјани се повредени во Будва кога 20-годишно момче од Белград со автомобил прегазило шестмина пешаци.

Полицијата во Будва распиша потерница за Л.Б. (20) од Белград кој ноќеска, околу еден часот по полноќ, со БМВ прегазил шестмина пешаци. Полициски патроли ги блокирале излезите од градот откако автомобилот бил пронајден напуштен на патото кон брдото Топлиш, објави весникот „Вијести“.

Момчето од Белград, според весникот, ги прегазило шестмината пешаци кои се движеле по тротоарот на главниот булевар, враќајќи се по излегување во град.

Повредени се Љ.П. (70) и Н.Ц. (50) двајцата од Охрид, како и српските државјани А.Ц. (19) од Лозница, Н.Л. (18) од Тршич и С.Б. (18) и Н.М. (19) двајцата од Бања Ковиљача,

Сите пешаци се здобиле со полесни повреди и се префрлени во которската болница.

Откако ги прегазил пешаците, момчето, наводно, продолжило да вози и не застанал да види што се случило со повредените.