Вработените во судската администрација и денеска одржаа протест пред Министерството за правда.
Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујоски денеска се сретна со претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Од состанокот излезе начелно задоволен, потврди дека постигнале заедничка согласност да се престане да се бараат списоци за оние што штрајкуваат и да се одложи примената на одредбата од законот, со која сите кои штрајкуваат добиваат само 60 отсто од платата. Ова го окарактеризира како компромисно решение со цел да се овозможат преговори со Министерство за правда.
– Меѓутоа доколку Министерството и понатаму не игнорира, штрајкот може да добие и поинаков тек. Ние тоа не би сакале да се случи, сепак Министерството конечно треба да сфати дека не може повеќе да не игнорира, рече Грујоски по средбата.
Судските административци потенцираат дека нема да се откажат и нема што да изгубат, бидејќи платите и онака им се под државниот просек. Уште вчера најавија дека од понеделник е можен и штрајк со глад.
Јавните обвинители и на вработените во јавно – обвинителската служба, вработените во судовите бараат 35 проценти зголемување на платите, измени на спорните одредби од Законот за судска служба, Законот за јавен сектор и Законот за административни службеници, и враќање на работното време за судските службеници, од 7:30 до 15:30 часот. Ова е 12-ти ден од штрајкот.




