Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две години по нападите во Париз, џихадистот Абдеслам се уште молчи

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 13, 2017 11:52

И по две години од терористичките напади во Париз, единствениот преживеан осомничен, Салах Абдеслам се уште одбива да зборува пред истражителите за неговата улога во бомбардирањата и пукотниците во кои загинаа 130 луѓе.

Според полицијата, Абдеслам бил дел од организацијата на терористите но се уште не се знае неговата улога во нападите.

Салах Абдеслам беше уапсен во Белгија минатата година во март, по четири месеци потрага по нападите на 13.ноември.

Предвидено е денеска претседателот на Франција, Емануел Макрон да ги посети местата каде што беа извршени нападите, почнувајќи од стадионот „Стад де Франс“ до музичкиот објект Батаклан.

Според полициското досие, Абдеслам бил ситен криминалец кој подоцна станал џихадист. Тој својот елек со експлозиви го фрлил во канта за отпадоци, по што веднаш започнал со своето бегање од Париз.

Полицијата утврдила дека тој дефинитивно бил дел од организацијата, изнајмувал автомобили и станови за џихадистите, и на неколкумина од нив им помогнал да стигнат во Европа.

Абдеслам се сомничи дека учествувал и во бомбардирањата во Брисел минатата година, кои се случија четири дена пред да биде уапсен.

Тој во моментов се наоѓа во самица во најголемиот затвор во Европа во јужна Франција и е под 24 часа надзор.

На 13.ноември 2015 година, три групи од терористи извршија напади на шест локации во Париз. До крајот на случувањата, 130 луѓе загинаа а стотици други повредени.

Пред „Стад де Франс“, тројца терористи извршија самоубиство, тројца други терористи нападнаа барови и ресторани, а други двајца терористи се самоубија во концертната сала Батаклан, каде 90 луѓе загинаа. Третиот од нив беше убиен од страна на полицијата.

Абделхамид Абод, човекот кој што ги испланирал координираните напади почина по рација на полицијата во стан во Париз во предградието Сент Денис пет дена подоцна.

Батаклан Париз Салах Абдеслам Стад де Франс терористички напади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.