Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две години „Секси маало“

0
By Нова ТВ on November 20, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 20, 2013 10:36

Скратениот медиумски простор кој обработума теми поврзани со младинските прашања и генералната состојба со младите во Македонија, пред се, средношколците и студентите беше повод, пред точно две години, младинската група на ХЕРА во соработка со “Радио МОФ” да изготвуват една поинаква програмска емисија која ќе се емитува секоја втора среда.

Приказната на „Секси маало“ всушност е продолжување на концептот на списанието кое што пред повеќе години се реализираше од страна на младите волонтери во ХЕРА, а кое се дистрибуираше во средните училишта. Името се презема од списанието, темата и фокусот остана иста, се смени само медиумот. Слоганот на емисијата „Секси маало“ е “емисија која длабоко пенетрира во нашите табуа”.

Емисиите се напревени од младите во ХЕРА кои дискутираат на темите поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права, стигмата и табуата, правата на жените, абортус, ХИВ/ СИДА, говорот на омраза, човековите и сексуалните права како главна преокупација, психичкото и физичкото здравје и благосостоја и вклучување на младата популација во процесот на донесување на одлуки. Понатаму , емисијата се стреми  да информира, но и да поттикне дијалог  и учество меѓу младите за нормите  поврзани со сексуалноста кои често предизвикуваат насилство, хемофобија и нерамноправност, но и  кои можат да се поврзат и со праксите ризични по сексуалното и репродуктивното здравје.

Тимот на „Секси маало“ кој што брои пет члена, во своето двегодишно постоење, во реализираните три сезони, изготви 35 емисии каде учествуваа и беа интервјуирани многу гости и претставници на организации. Оваа емисија секогаш се обидува актуелните случувања во нашето општество да ги пренесе преку призмата на младите, но уште поважно секогаш поткрепени со факти.

Роденденската емисија на „Секси маало“ ќе се емитува во стандардниот термин, денес во 12 часот и 15 минути на Радио МОФ, а може да се следи на следниот линк
http://www.radiomof.mk/player/player.html

Тимот на „Секси маало“ им се заблагодарува на сите кои што во изминатите две години беа дел од оваа емисија и дадоа свој придонес со своите гостувања, а особено на целиот тим на Радио МОФ кој што овозможи техничко реализирање на оваа емисија.

Истовремено се надеваме дека во иднина младите во Македонија ќе имаат многу повеќе простор и во медиумите, но и во општеството да дискутираат за ним важните теми, теми поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје и права. Затоа што како што вели и нашето мото, ако не пенетрираме длабоко во табуата тие никогаш нема да се променат.  

Сите емисии може да се преслушаат на каналот на
Mixcloud https://x.mixcloud.com/seksi_maalo/

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.