Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две години Влада: Кои се најслабите карики во тимот на Заев

0
By Соња Петрушевска on June 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашањата поврзани со секојдневното живеење на граѓаните, власта ги стави на страна фокусирајќи се овие две години на решавањето на крупните отворени проблеми во надворешната политика е оценката на дел од експертската јавност за две годишното владеење на тимот на Заев.

Аналитичари и претставници на граѓанскиот сектор на половина од мандатот на Владата, позитивно ги оценуваат реформите во социјалата, правосудството, јавната администрација.

Владата потфрли во ресорите животна средина, капитални инвестиции и здравство.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет наведува дека  во наредните две години, Владата ја чека уште потешка задача,а тоа е да покаже дека има капацитет да ги спроведе законите во реалноста.

„Решавањето на прашањата кои беа есенцијални за евроатлантската интегарција на земјата ги стави на страна некои од прашањата кои се поврзани со секојдневното живеење на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Ние многупати реагиравме дека поради големата слика се заборава на тоа со што се соочуваат секојдневно граѓаните со државните институции. На крајот и покрај сите опструкции се успеа да се донесат многу од законите кои во времето на владеењето на Груевски не ни можевме да замислиме дека можат да бидат донесени како што се законите за спречување на дискриминација,за абортус, се ратификуваше Истанбулската конвенција. Ако ова беше фаза кога требаше да се направат промени во законодавството, не чека уште потешка фаза. Во следните две години оваа Влада треба да покаже дека има капацитети да ги имплементира тие закони“ кажа Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Пировска напоменува дека и натаму има селективна правда во судството, не е завршена реформата на јавната администрација и целиот концепт на реформи не може да се гледа само на хартија , туку потребна е реформа на свеста пред се кај администрацијата.

Се уште не е фомирана Комисијата за надзор на прислушувањето, а говорот на омраза и натаму не се казнува.

„Неказнувањето е клучниот момент за говорот на омраза. Оној момент кога граѓаните ке сфатат дека може да им се случи да лежат во затвор поради говор на омраза, може да го почуствуваме ефектот. Се дотогаш ние само ќе поднесуваме пријави, а владата ќе слуша“ рече Пировска.

Марко Трошановски претседател на Институтот за демократија оценува дека најголемо потфрлување има кај Министерството за животна средина и Град Скопје –  во Министерството за транспорт и врски и реализацијата на капиталните инвестиции.  Во однос на борбата против корупцијата, коментира дека таа ќе зависи од новиот Закон за јавно обвинителство кој се уште не е донесен и од тоа колку Владата е подготвена да обезбеди кадар и буџет за Обвинителството.

„Во овие две години објективно, условите во кои се спроведуваа реформите беа прилично тешки. Зборувам за имплементацијата на Преспанскиот договор и отстапките од владеењето на правото што тој ги предизвика но и разочарувањето на граѓаните поради неиспорачаната правда во еден дел. На страна од оваа отежителна околност имаме прогрес во делот на надворешната политика, членството во НАТО, добрососедските односи и извесното почнување на преговорите со ЕУ. Добар е перформансот во социјалната политика и јавната администрација која е најкомплексна“ рече Трошаноски.

Тој напоменува дека итно треба да се формираат преговарачките тимови и работните групи кои требаше да бидат составени уште лани во номеври.

За политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети важно е што Владата се уште покажува слух за критиките упатени за нејзината работа и што не се обидува да ги сокрие своите неуспеси.

„За разлика од претходната влада која создаваше впечаток дека се прави премногу а не беше така, кај оваа е обратно повеке работи отколку што претставува, што исто е проблем затоа што и тоа е дел од транспаретноста“ рече Мехмети.

Тој како сектори во кои  Владата потфрлила ги наброја здравството и транспорт и врски. За најавената реконструкција Мехмети очекува и ДУИ да преземе дел од вината за неостварените ветувања.

„ Мислам дека и ДУИ се свесни дека треба да признаат дел од вината за она што не е направено, ако сакаат да го присвојат успехот треба да го признаат и она што е направено“ вели Мехмети.

Заев денеска на трибината организирана по повод две години од формирањето на Владата во однос на најавената реконструкција само напомена дека жените – министри нема да бидат сменети. Тој најави дека во првата половина од месецов ќе соопшти кој од владиниот тим  ќе биде разрешен.

Од Владата очекуваат дека Европската унија наскоро ќе одреди датум за почеток на преговорите како одговор на спроведените реформи.

 

 

аналитичари Влада Две години Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.