Професорот Стоимко Златковски од Техничкиот факултет во Битола, за 1ТВ вчера изјави дека документацијата неопходна за да се изврши вештачење на автобуската несреќа во селото Ласкарци се уште се подготвува. Тој, врз основа на досегашните податоци, ги даде своите претпоставки за тоа што се случило.
-Сѐ уште не дошло до процес на вештачење. Ќе ни биде неопходно да се направи записникот, скицата и фотодокументацијата, тие се изработуваат, а ќе ни треба и машинското вештачење. Јас сум информиран дека на коловозот каде излетал не се регистрирани видливи траги од оштетување и траги од стопирање на возилото тоа значи дека возачот не презел насоки за стопирање и насочување на возичото кон десно. Тој бил целосно отсутен.Возилото се насочило самостојно кон лево, пробило коловозна лента, ова упатува кон тоа дека возачот не реагирал свесно врз командите, мала е веројатноста да откажале и системот за стопирање и системот за упраувување.
Вели дека неговата претпоставка е дека со возачот нешто се случило, бидејќи инаку би реагирал потсвесно. Целиот разговор во видеото од Дневниот на 1ТВ.




