Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две нови операциони сали на Клиниката за максилофацијална хирургија

0
By Менче Атанасова Точи on September 20, 2018 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две нови операциони  сали од денеска се ставени во функција на Клиниката за максилофацијална хирургија. Едната е за поголеми интервенции со општа анестезија, а другата за помали.  Реновирана и со пријатен амбиент за пациентите е и шок собата, како и останати делови од објектот.

Клиниката за максилофацијална хирургија денеска одбележува 70 години од своето постоење.  По тој повод, Клиниката од денеска ќе го носи името на творецот на модерната максилофацијална хирургија, академик Илија Васков, каде што е поставена и негова биста.

Дел од опремата и хируршкиот стол  11 години стоеле неотворени и никој досега не се сетил да ги распакува и употреби.

„Операционите сали се направени без пари, со сопствена енергија и залагање и со помош на техничкиот персонал.  Овие сали се неопходни бидејќи потребата постојано расте, се зголемува бројот на пациенти, а реновирана е и шок собата“, изјави за проф. Др. Славе Наумовски директор на Клиниката за максилофацијална хирургија.

Вработените велат дека дел од ова финансирал и директорот со сопствени средства.

Сепак, и покрај залагањата за подобро функционирање, оваа клиника има недостиг од медицински сестри и анестезиолози кои ги бараат цела година наназад.

„Имаме 17 доктори, а само 12 медицински сестри. Имаме превработеност од лекари, а недостасуваа 8 медицински сестри и 1-2 анестезиолози за што веќе е поднесено барање“, рече директорот Наумовски.

На Клиниката за максилофацијална хирургија се изведуваат најсложените интервенции на лицето, вилиците и вратот. За вкупно 70 години оперирани се 51 642 пациенти под општа анестезија и 201 674со локална анестезија или вкупно 253 316 оперирани пациенти, истовремено правејќи 1 000 000 прегледи.

Најчесто болести се туморите на лицето и вратот со околу 37 проценти, воспаленија на орофацијалната регија со 28 проценти, трауми-фрактури заради сообраќајки, физички, спортски и огнострени повреди со 22 проценти, расцепи на уста со 8 проценти, дентофацијални со 3 и конзервативно лекување со 2 проценти.

На одбележувањето 70 години од постоењето денеска во 15 часот ќе биде откриена бистата на академик Васков во присуство на членови на неговото семејство,  министерот Филипче, претставници од повеќе институции  и вработените.

Вечерва во 20 часот е планирана свеченост во малата сала на македонската Филхармонија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.