Published: Thursday, February 27, 2014 14:42
Маж на возраст од 63 години од околината на Скопје и 47 годишна жена се нови жртви на компликации од грипот во овие два дена. Кај двајцата е потврден грип од тип А, информираат од Министерството за здравство.
Починатите во изминатите 20 дена биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања, дијабетес бронхопневмонија, срцева слабост, а жената имала и акутна бубрежна слабост. И покрај анитивирусна терапија, пациентите починале како резултат на компликациите.
Во моментот на Клиниката се хоспитализирани 110 пациенти, од кои шест се во тешка здравствена состојба и се наоѓаат на одделението на интензивна нега.



