Мислевме дека копнена инвазија ќе видиме само во филмовите и во историските книги. За жал, тоа денеска се случува и е за најголема осуда, рече Османи
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во изјава за Канал 5 телевизија денеска потврди дека две семејства побарале помош во македонската амбасада во Киев.
– Ја следиме состојбата со загриженост. Мислевме дека копнена инвазија ќе видиме само во филмовите и во историските книги. За жал, тоа денеска се случува и е за најголема осуда. Единствени сме во НАТО и во Европската Унија во однос на одговорот кон оваа агресија, рече Османи.