Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Две семејства во Ниш повторно добиле најмногу пари за медиумски проекти

0
By Нова ТВ on June 15, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 15, 2018 19:14

Пишува Јована Адамовиќ, Јужне вести, Србија

Парите на сите граѓани на Ниш, и на годинешниот медиумски конкурс отидоа во телевизиите и агенциите кои се во сопственост на семејствата Гашиќ и Радомировиќ. Од 54 милиони динари, парите на сите нишлии, колку што градот определил за проекти, дури 37,4 милиони добиле Зона плус, Нишка телевизија, Белами, Народне новине и поврзана ПР агенција. Јужне вести нема да ги прифати парите кои им се доделени, бидејќи со тоа би се дал легитимитет на корупцијата.

Врз основа на резултатот за кофинансирање на медиумски проекти, и оваа година постои сомнеж дека граѓаните ќе бидат информирани за јавниот интерес. Имено, скоро 70 отсто од парите ги добија телевизии познати по промотивно известување, блискост со владејачката Српска напредна странска, и оние кои се во сопственост на две „медиумски семејства“ – Братислав Гашиќ и Видослав Радомировиќ.

Најмногу пари – по 8.5 милиони динари добиле Народне новине за проектот „Нишлии се вклучуваат во одлучување“ и телевизијата Белами со проектот „Одговорни граѓани за европски Ниш“. 8,4 милиони добила Нишка телевизија за проектот „Со информација со работа“, а Зона плус за „Ниш припаѓа на Нишлии“ добила 7,5 милиони динари.

Телевизијата Белами добила уште 2,7 милиони за проектот „Белами арт“, како и уште 800.000 динари за „Прашањето Рим“. Дел од „колачот“ добила и ПР агенциајта на Данијела Вуковиќ, поврзана со Белами и тоа милион динари за проектот „Агросалон“.

Споменатите медиуми добиле вкупно 27,4 милиони динари за своите проекти, од 54 милиони колку што градот оддвојува од буџетот за проекти и медиуми со кои нишлии би требало да ги известуваат за јавниот интерес. На конкурсот пристигнале вкупно 85 пријави, а одобрени се 33.

Инаку, освен што Нишка телевизија добила скоро најмногу пари на годинешниот конкурс, ним градот неодамна им отпишал долг од скоро 27 милиони динари.

Да потсетиме, минатата година за медиумски проекти биле издвоени 20,5 милиони од градската каса, а најмногу пари добија медиуми блиски до Српската напредна странка, како и агенција со спорна документација.

Јужне вести нема да ги земе парите, бидејќи со тоа би се дал легитимитет на корупцијата

На споменатиот конкурс, проектот на Јужне вести добил 600.000 динари, но како што вели главниот уредник Предраг Благојевиќ, овие пари нема да ги прифати, бидејќи со тоа се дава легитимитет на корупцијата.

Благојевиќ напоменува дека по објавувањето на резултатите на конкурсот потврден е сомнежот дека станува збор за „конкурс со стил“, односно дека однапред се знаело кому треба да му се подарат пари. Тоа било очигледно уште од менувањето на условите на конкурсот, кога градот определил скоро дупло повеќе пари по проект од Министерството за култура.

– Со ова се продолжува повеќегодишната практика парите на граѓаните преку наместени конкурси да се делат на провладини медиуми, чија цел е да ја разубавуваат реалноста и да молчат за проблемите – истакнува Благојевиќ.

Да потсетиме, годинешниот нишки конкурс за кофинансирање на медиумските проекти го одбележи тоа што за еден ден е изменет износот за кој медиумите можат да конкурираат по проект од 4 на 9 милиони, што е повеќе пар отколку што и самото Министерство за култура и информирање е подготвено да обезбеди. Меѓутоа министерот за информирање Владан Вукосављевиќ тоа не сакаше да го коментира. Комисијата која одлучуваше за тоа кој колку пари ќе добие повторно беше спорна.

Реагираа и медиумските здруженија кои од градоначалникот на Ниш, Дарко Булатовиќ бараа сомнителните измени итно да се повлечат и комисијата да биде компетентна, а од НУНС соопштија дека Ниш е рекордер во Србија по издавање на пари за поединечни медиумски проекти, истакнувајќи дека е спорен начинот на подигнување на сумата за поединечен проект.

 

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.