Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Движење БЕСА: Инсценирана акција, повик за смиреност

0
By Нова ТВ on May 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 9, 2015 14:08

Движењето БЕСА испрати соопштение во кое ја изразува својата вознемиреност од настаните во Куманово и и се орбаќа на јавноста со неколку пораки:

“Вооружените акции во албанските зони во Македонија не одат во прилог на албанското прашање во Македонија и не придонесуваат ни за албанското прашање во Балканот. Ваквите инциденти и служат само на четворката Груевски & Мијалков и Ахмети & Џафери за нивно и за спасување на нивните кланови.

Затоа ги повикуваме вооружените групи, ако тие се Албанци, да не стануваат средство на овие антиалбански агенди и да не му штетат повеќе на албанскиот народ во Македонија.

Го повикуваме МВР веднаш да ја прекине акцијата во Куманово и да се повлече, бидејќи убивањето на невини цивили не ги амнестира акциите на полицијата.

Ја повикуваме и албанската партија во Владата на Република Македонија, ДУИ, да не се однесува како спектатор со своите соопштенија, туку да го преземе својот дел од одговорноста. Бараме од ДУИ денес јавно да се произнесе кој давал наредба за тие напади, кој е нападнат и зашто се убиени албански цивили во Куманово. Како дел од Владата, сметаме дека таа е соучесник во овие напади во Куманово и во убивањето на албанските цивили.

Го повикуваме и албанското население од Куманово да ја сочува ладнокрвноста, да не се придружи кон некои непознати агенди и да знае дека војната е потрошена карта и таа резултирала како штетна за Албанците во Македонија, особено за кумановчаните.

На крај го повикуваме и меѓународниот фактор да интервенира што побрзо и да помогне во надминување на оваа криза, бидејќи ваквите неодговорни политичари се во состојба да направат сешто само да се спасат себеси, се со цел да ја заштитат својата власт или да се враќаат на власт”, вели БЕСА.

БЕСА смета дека ова е “инсценирана акција со цел политичката криза да ја претвори во меѓуетничка криза, со цел на тој начин да ги спасат некои македонски и албански инкриминирани политичари, а ваквата цена да ја плати албанското население во Македонија. БЕСА смета дека нарушувањето на мирот и дестабилизацијата на Македонија е на штета на сите Албанци, но и во штета на евро-атлантскиот пат на земјата”, вели БЕСА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.