Невладината Oрганизација “Движење за Заедничка Визија” во името на сите негови членови и симпатизери ја поздравува одлуката на премиерот на Република Албанија Еди Рама, за да се не уништува хемиското сириско оружје во Албанија.
Ние сметаме дека ова е најпаметна одлука и дека е во интерес не само на граѓаните на
Албанија туку е во интетерес на целиот Балкан.
Од друга страна истакнуваме дека немаше потрба оваа одлука толку да се одолговлекува, не требаше да станат сите албанци во Албанија и пошироко да протестираат и да ја убедуваат владата да не го прими тоа хемиско оружје кое претставува голема опасност за нив и за целиот Балкан.
Наспроти премиерот Еди Рама без никакво размислување требаше да каже “НЕ” на ова неразумна и сосема непотребна понуда, и да не се политизираше со нашата иднина.
Исто така НВО “Движење за Заедничка Визија” го поздравува Aлбанскиот народ за својата решителност , затоа што со сето срце и сила се обидуваа да ја спречат ова лудост со што и на крај успеаjа.
Од донесената одлука денес се спаси Албанија, се спасија Aлбаниците, се спаси и целиот Балкан.




