Невладината Организација „Движење за Заедничка Визија“ вчера попладне оствари средбата кај граничниот премин Блаце, со претставниците на транспортерите кои веќе неколку дена го држат блокиран граничниот премин кон Косово.
Двете страни се согласија, во наредните денови да седнат да се договорат и да излезат
со еден конкретен проект за решавањето на овој голем проблем.
-Под мотото „Отворетеја, односно одблокирајтеја границата и Отстранете ги заземените мерки„ , Невладината организација „Движење за Заедничка Визија„ , преку овој собир се реши да ја изрази големета загриженост од избрзаните политички одлуки на владите на Република Косово и Република Македонија, одлуки со кои ситуацијата ја доведоа до оваа состојба каде што единствени жртви се само граѓаните, компаниите и превезувачите на двете држави. Ние како Невладина Организација бараме што побрзо двете влади да седнат на заедничка маса и да најдат соодветно решение кое ќе и одговара на двете држави, се разбира во корист на граѓаните на овие држави, изјави преседателот на невладината Круезиу Фитим.
Тој исто така истакнал дека ваквите случки, без разлика на нивнита цел се анти-историски, анти-хумани и анти-човечки. Време е двете држави кои имаат европска аспирација да седнат и соработувајќи заедно како две соседни држави да промовираат про-европски вредности.
„За нас виновен е секој кој, без разлика на причините ја спречува слобота на движењето на граѓаните, но исто така и на стоките. Денес на Балканот и неговиот народ не му требаат Берлински ѕидови, туку слободно движење и соработување помеѓу нив и соработување со западните европски народи. Почитувани премиери и министери, државата не се води со стари инаети, ниту пак со примитивни мислења, слободното движење е човечко право, нас не не интересираат разните недоразбирања и интересите на локалните групи, ние бараме слобода за движење на ѓраѓаните и стоките“, потенцираше Круезиу.
Билјана Муратовска која ги претставува транспортерите изјави дека навистина тие се спремни да се вклучат во инициативата на ова невладина организација.
„Ова навистина беше едно убаво изненадување за нас. Откако сме тука ова е прва
невладина организација која не посетува. Ова организација денес ги демонстрира своите граѓански и про европски способности и ние во секој момент сме спремни на некој начин да ја подржиме нивната идеја за одблокирајне на граничниот премин“, истакна Муратовска.



