Две лица загинаа денеска при напад со огнено оружје и нож пред влезот на Врховниот суд во Франкфурт.
– Маж на возраст од 47 години, за кој се претпоставува дека е напаѓачот, е уапсен, соопшти портпарол на германската полиција. Според првичните информации тој е од авганистанската национална и живеел во Ешборн, град во близина на Франкфурт.
Двете жртви се мажи на возраст од 45 и 50 години, кои им подлегнале на повредите веднаш по нападот.
Портпаролот на полицијата Руедигер Регес изјавил дека напаѓачот пукал во дворот на судницата, при што била убила убиена една од жртвите. Другиот напад најверојатно бил во внатрешноста на зградата каде напаѓачот ја следел жртвата и ја избодел со нож.
Полицијата го затвори судот каде веднаш започна полициска истрага за убиство.