Published: Wednesday, October 2, 2013 13:58
Двојно убиство и самоубиство се случи претпладнето во кумановското село Бедиње.
Како што информираат за НОВА од СВР Куманово, грозоморното убиство се случило денеска околу 11.30 часот кога 42-годишниот Маријан И. дошол во куќата на 39-годишната Фросина С. и со пиштол ги лишил од живот неа и Валентина С., која била во нејзината куќа по што извршил самоубиство.
На местото на настанот увид вршат екипи на СВР Куманово, на Основното јавно обвинителство и истражен судија.




