Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДЗР: Учесниците во изборната кампања да достават Извештај за трошоците

0
By НОВА ТВ on November 2, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: facebook.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 2, 2021 13:33

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги известува сите учесници во изборната кампања дека се должни во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за првиот круг, односно до 4 ноември 2021 година, да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг.

Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг треба да се достави до архивата на Државниот завод за ревизија или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР: dzr@dzr.gov.mk испратен од меил адресата на учесникот во изборната кампања што е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Правилникот е објавен и на официјалната веб страница на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти на следниов линк: https://dzr.mk/sites/default/files/2021-09/Pravilnik_za_%20izmenuvanje_%20na_Prav_izveshtaj_IK.pdf

-Напоменуваме дека согласно член 177-а став 4 од Изборниот законик Државниот завод за ревизија има надлежност да достави предлог до Државната изборна комисија за донесување Одлука за забрана (суспензија) на исплатата на надоместокот на трошоците за финансирање на изборната кампања за локалните избори за 2021 година кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија на учесниците во изборната кампања кои нема да ги испочитуваат одредбите од член 84-б став 1 од Изборниот законик односно нема да ги достават горенаведениот извештај во пропишаниот рок и содржина до Државниот завод за ревизија. Исто така, согласно одредбите од член 189 став 4 од наведениот Закон пропишана е Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од Изборниот законик, потсетува ДЗР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.