Published: Monday, June 9, 2014 14:50
Државниот завод за статистика објави дека во мај годинава има пораст на цените во однос на април. Трошоците се зголемени за 0,3 проценти, додека во однос на истиот месец лани има намалување од 0,6 проценти.
Во мај во однос на април најголем раст на цените е регистриран кај земјоделските производи од 2,3 проценти, прехранбените 0,2 отсто, а кај стоките раст од 0,3%.
Трошоците за живот најмногу се зголемиле за свежото овошје и зеленчук, обувките, авионскиот превоз и течните горива.
Намалување има кај маслото, тестенините и безалкохолните пијалаци.




