Франкфурт: Кинескиот извоз во Европската унија значително се зголеми по пандемијата на коронавирусот, што го зголеми притисокот врз вработувањата во еврозоната, особено во автомобилската индустрија и хемиската индустрија, покажува денеска објавената анализа на Европската централна банка (ЕЦБ).
Извозот на кинески автомобили во еврозоната се зголеми за 150 проценти во периодот од 2019 до 2024 година, а на хемиски производи за 140 проценти.
Во автомобилската и хемиската индустрија во еврозоната моментално се вработени околу седум милиони луѓе, што претставува 4,2 проценти од вкупната вработеност во еврозоната.