Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Еден регион – една економија“, тема на Сараево бизнис форум 2017

0
By Нова ТВ on May 22, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преку 1.600 учесници од над 30 земји, меѓу кои и актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претседатели на големи корпорации, на банки и на ЕУ се учесници на традиционалниот Сараево бизнис форум кој започна денеска.

Главното мото со кое започна еден од панелите на годинешната средба е „Еден регион, една економија – Поврзување и потенцијали“, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), коорганизатор на средбата.

Јирки Катаинен, потпретседател на Европската комисија(ЕК) рече дека со радост го очекува претстојниот самит на Западен Балкан во Трст, кога лидерите од регионот ќе ја потврдат својата желба да се движат кон единствен регионален економски простор. Тоа ќе даде резултати поврзано со геслото – едно место за инвестиции, еден регион, една економија, рече потпретседателот на ЕК.

Малите регионални економии можат да сторат многу, но не можат да ја променат големината на пазарот, изјави еден од главните воведничари, поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ. Тој додаде дека Југоисточна Европа (ЈиЕ) не може пасивно да се однесува кон меѓународните економски промени и дека мора да ја засили својата конкурентност преку подобрувањето на логистиката и инфраструктурата.

Данило Турк поранешниот претседател на Словенија, се заложи за став на пошироко вмрежување, без да се ограничуваат земјите од регионот само на концептот на поврзување во ЈиЕ, туку и на соседните региони.

Економската интеграција на ЈиЕ е сигурен пат кон ЕУ. Економската соработка на стопанствата во ЈиЕ е императив за зголемување на инвестициите и конкурентноста на регионот, изјави Драгана Ѓурица, експерт за конкурентност на Регионалниот совет за соработка, организатор на панелот.

Сараевскиот бизнис форум кој се одржува осма година по ред, го следат и околу 350 домашни и странски новинари. Тоа е регионална инвестициска конференција, чија главна цел е да ги привлече странските инвеститори преку покажување на потенцијалите во Југоисточна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.