Еден човек загина, а четворица се повредени во престрелка што синоќа се случила северно од Копенхаген, соопшти данската полиција. Се претпоставува дека инцидентот е последица на конфликт меѓу две локални банди.
Локалните властите сè уште го бараат осомничениот или осомничените.
Според полицијата, меѓу повредените нема случајни минувачи.