За историја ќе мора да се почека: Копенхаген во ЛШ, Вардар во ЛЕ

Данскиот првак успеа да ја анулира негативата од еден гол по првата средба во Скопје и со убедливи 4:1 славеше на својот „Паркен“ стадион во реванш мечот од третото квалификациско коло за елитното натпреварување на УЕФА. Вардарци имаа резултат и играч повеќе на теренот по 71 минута во која исклучен беше Грегуш, но во последните 20. минути примија уште два гола за елиминација

Вардар на гости кај Копенхаген за плеј-оф во ЛШ: Кога ако не сега

„Црвено-црните“ вечерва (20 ч.) на „Паркен“ ќе ги одиграат возвратните 90 минути од двомечот со данскиот првак пришто ќе треба да докажат дека се созреани за предизвик и притисок во натпреварот. Имаат 1:0 од Скопје, резултат што најдобро се негува со избалансирана игра во двата правца наместо со ориентирање кон одбрана на сопствениот гол. Утеха за елиминираниот состав ќе биде трансфер во плеј-офот за УЕФА Европа Лигата. 

Лига на шампиони: Шкотски новинар ќе им суди на Копенхаген и Вардар

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) делегираше судиски колегиум од Островот на чело со Џон Битон од Мадервел чиј работен век е поврзан со новинарството пред да стане дел од секторот за односи со јавност во полицијата во Стратклајд (околина на Глазгов). Моментно работи во секторот за односи со јавност на Универзитетот во Стратклајд. Дуелот меѓу данскиот и македонскиот првак е утревечер (20 ч.) на стадионот „Паркен“

Вардарци на мегдан со Копенхаген: Со било каква победа кон Данска

Првиот меч од македонско-данската пресметка во Лигата на шампиони е вечерва (20 ч.) на „Телеком арена“ во Скопје. „Црвено-црните“ посакуваат реприза на второто полувреме од реваншот со Малме како рецепт за добар резултат пред гостувањето на „Паркен“ наредната недела

УЕФА: Вардар против Копенхаген во Скопје, на дисциплинска во Нион

Одобрено е барањето на македонскиот шампион да биде домаќин на данскиот на „Телеком арена“, но истото беше условено со промена на редоследот на мечевите поради европскиот Суперкуп. Па, наместо во гости, „црвено-црните“ во првиот меч ќе бидат домаќини во вторник (20 ч.), реваншот е во ист термин на 2 август на „Паркен“ стадионот. Истовремено клубот е предаден на дисциплинска по пет основи што како организациски пропусти беа нотирани во извештајот на делегатот во натпреварот со Малме

Квалификации за ЛШ: Копенхаген се потврди на двомеч со Вардар

Данскиот претставник загуби пред своите гледачи од Жилина со 1:2, но благодарние на триумфот (3:1) во првиот меч во Словачка обезбеди опстанок во елитното натпреварување на УЕФА. „Црвено-црните“ ќе гостуваат на стадионот „Паркен“ на 25 јули, реваншот е на 1 август