Published: Saturday, January 11, 2014 11:01
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која синоќа околу 19 часот се случила на патот Зајас – Кичево. Неофицијално, до несреќата дошло откако патничко возило удрило во трактор што сообраќал без светлосна сигнализација, јавуваат македонските медиуми.
По ударот возачот на патничкото возило ја изгубил контролата и преминал на другата страна на коловозот.
Тогаш дошло до судир со комбе кое доаѓало од спротивен правец.
Загинал шоферот на комбето, а како што јави порталот Република, тракторот бил управуван од Ведат Ахмети, брат на Али Ахмети.
Во полицијата ја потврдуваат информацијата за несреќата, а за денеска најавуваат подетални информации.




