Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Единствена одбрана од Путин е силна и обединета Европа

0
By Biljana on March 1, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе една деценија трае вербалнот судир меѓу либералниот концепт и авторитарните тенденции.

10 години официјална Москва ги храни малигните ткива внатре во либералната сфера кои во голема мера беа толерирани во духот на либералните традиции. По неуспехот на Путин и неговите клонови низ Европа да предизвика конфликт на европски терен или да ја спречи интеграцијата на Црна Гора и Македонија во НАТО или било што друго што може на било кој начин да и наштети на евроатлантската полтичка и безбедносна архитектура, тој удри со брутална сила на Украина. Оваа војна на Путин е израз на неговата нервоза поради неуспехот да ја извади автократијата како идеологија надвор од инфериорноста на цивилизациските вредности. Во таа своја немоќ се одлучи да му објави војна на либералниот свет кој е сега изложен на нужна одбрана која во вакви констелации неминовно ги изложува на предизвик самите вредности на кои почива либерализмот.

Во својот налет на Украина , Путин ќе го зголеми интензитетот на хибридните напади врз сите слаби точки во Европа. За жал една од нив е Балканот. Во регионот Путин има свои силни упоришта како што е Милорад  Додиќ со потенцијал да го разгори огнот во Босна или на пример дури и во Македонија со опскурните политички структури подготвени да ја искористат секоја фрагилност во меѓутеничките односи со цел да направат поделба по највиталните линии на македонската држава. Вакви контаминирачки џепови има уште многу по целата територија на регионот на Балканот во разни форми. Иницијација за нивна активација се и поделбите во регинот кои ги внесе самата војна во Украина. Балканот јасно се подели меѓу оние кои го поддржуваат Путин гледајќи во оваа војна нешто како „мило за драго за ангажманот на НАТО на Косово” и оние другите кои во акцијата на Путин гледаат закана за демократските вредности. Тој вербален конфликт со помош на социјалните мрежи допрва се загрева се до степен кога ќе може да биде искористен за посериозни акции кои би и направиле удар од внатре на Европа преку дестаблизација на невротичнните и фрагилни стратешки точки на Балканот.

Во овие околности единствена одбрана од очигледно агресивниот и нервозен Путин е консолидација на либералните структури по сите линии. Вербалната декларативна подршка на ЕУ за демократските и проевропски структури на Балканот во овие околности никако нема да биде доволна , напротив таа и таква поддршка  во услови на сериозна опасност ќе се доживее како цинизам кои ќе биде само добро оружје во рацете на путиновите џебови на Балканот кои тој веќе добро ги храни. Патем  колебањата, недореченостите и неисполнувањето на ветувањата, особено во случајот на Македонија, се материјал кој руската агресивна пропаганда лесно го претвора во молотов коктел кој се пали внатре во утробата на Европа.

Единствен ефикасен одговор за Путин во оваа ситуација е силна и обединета Европа која бескомпромисно ќе застане во одбрана на либералните вредности кои се и фундаментите на европската конструкција. Без нив европската куќа се руши како кула од карти. Затоа ЕУ без никаво одлагање што поскоро треба да го запали заленото светло за старт на преговри за членство со Албанија и Македонија. Да го забрза до максимум преговарачкиот процес со динамика и квалитет за трансформација каков што беше оној во почетоткот на новиот милениум во 2000-тата. Да даде многу појасни перспективи за европската перспектива на Босна и Косово и се разбира да го зголеми буџетот кои ќе го направи процесот на проширувањето брз и ефикасен и видлив во секојдневниот живот на Балканот.

Само вака ЕУ ќе успее да се спаси себеси од овој налет на Путин. Географијата е немилосрдна. ЕУ без европски Балкан во ваков налет врз либерализмот од страна на, за 21 век,  антицивилизациски тенденции  нема да може да се зашитити без да го пополни вакумот во нејзиното средиште какво што е овој регион.

Одговор на војната не е војна. Одговор на војната е мир, но не само како декларација, туку многу повеќе како сериозна демонстрација на виталноста на либералните вредности.

Борјан Јовановски

Владимир Путин ЕУ Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.