Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една година по референдумот, се поблиску до целта

0
By Нова ТВ on September 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2019 19:24

Денеска навршува една година од референдумот на кој македонските граѓани го дадоа својот глас „За“ европска иднина на земјава.

Премиерите Заев и Мицотакис минатата недела имаа средба на која беше заклучено дека брзата имплементација на Преспанскиот договор е клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија. Меѓу другото, грчкиот премиер Мицотакис изјави дека тој не би го потпишал Преспанскиот договор, но дека сепак ќе го почитува неговото спроведување.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски дава свое толкување на кажаното на минатонеделната средба Заев-Мицотакис.

– Во политичка смисла во имплементацијата на политичкиот договор најважна е политичката волја. Во таа смисла, главната порака на Мицотакис е дека тој не би го потпишал договорот, но ќе го почитува. Северна Македонија да се држи до она што е потпишано бидејќи тоа е единствениот начин Мицотакис да се придржува до Договорот – вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Арсовски вели дека она што останува да биде променето се трговските марки и имињата на спомениците.

И Сонцето е ѕвезда

Љупчо Петковски кој е извршен директор на „Евротинк“ вели дека Преспанскиот договор решава прашања што не се решаваат преку ноќ.

– Не се само 5 правни норми, туку тоа ќе трае децении. Практично тој договор се уште е бебе. Се уште не е прифатен од граѓаните на двете држави и може да им прави проблеми на политичарите во двете земји – вели Петковски.

Сепак Петковски прецизира дека два сегменти од Договорот се издвојуваат од останатите.

– За Грците е важна антиквизацијата, а за нас е клучно да отвориме преговори. И мислам дека во тој дел, е најголемиот дел од притисокот. И ние со овој наш дел ќе го испочитуваме – вели Петковски.

На 18 јуни годинава беше формирана Меѓународната група на експерти за трговските марки, комерцијалните имиња и заштитните знаци. Оваа Меѓународна група има двајца копретседавачи, а тоа се Ѓорѓи Филипов и Фотини Пазарзиз од Грција.

Претседавачот со Меѓународната група на експерти, Ѓорѓи Филипов, вели дека оваа група има слична задача како онаа за историјата, учебниците и културното наследство, но сепак многу поразлична, зашто се работи за права од индустриска сопственост, кои се во основа приватен имот.

– Имплементацијата на Преспанскиот договор содржи повеќе компоненти. Едните беа итни, промената на Уставот и уставното име, за да може Грција да даде зелено светло за наше влегување во НАТО. Другата е Историската комисија. Третото е Меѓународната група на експерти за трговските марки, комерцијалните имиња и заштитните знаци – вели Филипов.

Меѓународната група на експерти за трговските марки, комерцијалните имиња и заштитните знаци треба да го сработи својот дел од работата до јунi 2022 година.

-Во Договорот има многу членови, над 20 во којшто се дефинирани соработки во други полиња. Работата е до почетокот.Имаше една средба во Солун и една во Скопје на која се договорија следните чекори – вели Филипов.

На 22 јуни годинава се одржа состанок во Скопје, а на почеток на ноември ќе се одржи и еден во Атина.

– Мора да има два состанока годишнo. Потребата од состаноци ќе произлезе од тоа колкава ќе биде потребата на деловните заедници од двете држави. Тоа се стопанските комори. Ниту Македонија, ниту Грција немаат само по една комора туку по повеќе – вели Филипов.

Филипов вели дека нашето законодавство е комплетно усогласено со европското законодавство. Законот за индустриска сопственост е европски.

Во Грција, како и пред Светската организација и Заводот за ИС на ЕУ се регистрирани не повеќе од 160 трговски марки кои во себе го содржат зборот „Македонија“ или придавката  „македонски”‘.

-Над 4,500 компании во Грција содржат „Македонија“ или „македонски“ во својот назив. Во нашата држава над 3300 фирми имаат „Македонија“ или „македонски“ – вели Филипов.

Претседавачот Филипов го потенцираше Членот 1, став 3, (ж) од Првиот дел на Спогодбата, каде се вели дека „ништо нема да биде променето додека не биде прифатено од двете страни“.

Ниту една одредба од член 1, став 3 (ж) нема да влијае на сегашната комерцијална употреба сè додека не се постигне заемна согласност, како што е предвидено во оваа алинеја. 

Бидејќи постои богато меѓународно искуство во светот, во групата ќе бидат вклучени и меѓународни експерти, од Светската организација за интелектуална сопственост од Женева и од Заводот за интелектуална сопственост на ЕУ од Аликанте.

Според Филипов, во 2022 година кога Меѓународната група на експерти за трговските марки, комерцијалните имиња и заштитните знаци ќе ја финишира својата работа, и двете земји ќе имаат бројни придобивки.

Тој е оптимист и вели дека ќе се унапреди извозот на македонски производи во Грција.

Од Стопанската комора велат дека во моментот има постапка за комуникација со грчките комори.

– Постои Комитет за трговски марки, меѓу двете држави кои што ќе работи на регулирање на прашањето со трговските марки.

Паралелно постои постапка за формирање на бизнис група од двете држави која што ќе работи заедно со комисијата во иста насока на разрешување на дилемите кои што ги има околу трговските марки.

Таа комисија е во постапка на формирање и се уште нема ништо конкретно околу тој дел

Комисијата каде што претседател е Филипов, имаше состанок , но бизнис групата која што ќе има состаноци со претставници од двете држави се уште не е формирана – велат од Стопанска комора на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.