Али Ахмети вечерва на Зијадин Села ќе му го презентира документот доставен од Зоран Заев, јави ТВ 21. Извори од СДСМ за телевизијата велат дека документот „овозможува брзо и непречено собирање на потписите потребни за формирање на влада предводена од Заев“. Од БЕСА пак рекле дека до нив се уште нема покана од Демократската унија за интеграција, но и да пристигне тие остануваат на ставот дека нема да седнат на заедничка маса со Али Ахмети.