Од почетокот на годината има 37 нови заболени од ХИВ, од кои двајца починале од СИДА кога им била откриена болеста.  Ова е втор најголем пик од појавата на првиот случај во Македонија во 1987 година. Првиот пик е во 2014 та година со 45 случаи на ХИВ/СИДА. Овие податоци кои не беа достапни за јавноста до сега, ги обелодени Звонко Миленковиќ, директор на Инфективната клиника и Национален координатор за ХИВ. За борбата со сидата, Антикорупциската комисија и судењето на раководството на Левица погледнете го видео прегледот на НОВАТВ во Една минута вести со Соња Трајковска.