Русија, Турција и Иран денеска во Астана постигнаа спогодба за троен механизам за следење и јакнење на примирјето во Сирија, јави турската државна агенција Анадолија. Спогодбата е прв знак за напредок во текот на вториот ден на мировните преговори на сириската Влада и бунтовничките фракции во главниот град на Казахстан. Претставникот на ОН соопшти дека преговорите ќе продолжат во Женева под покровителство на ОН.

Погледнете го видео пресекот со вестите на денов во Една минута вести на НОВА.