Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една третина од младите во Македонија имале барем еднаш незаштитен сексуален однос

0
By НОВА ТВ Balaban on May 6, 2022 ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дури една третина од сексуално активните млади во Македонија барем еднаш имале незаштитен сексуален однос, според наодите на Меѓународната студија за однесувањата поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст од 11, 13, и 15 години (ХБСЦ, 2017 – 2018) на Светската здравствена организација, каде се евидентирани ризиците од неинформираноста и ограничениот пристап до услуги меѓу младите.

Младите во Куманово од денеска ќе можат да добијат бесплатни психолошки советувања, едукација и информации за сексуално и репродуктивно здравје и права во првиот младински центар „Сакам да знам“ во Куманово, којшто го отвори ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, а во соработка со Здравствениот дом во Куманово.

Овој младински центар, прв од ваков вид во Куманово, ќе нуди бесплатни и доверливи психолошки услуги за младите, дистрибуција на информативни материјали за сексуално и репродуктивно здравје, врснички едукации за сексуално и репродуктивно здравје, како и простор за младински активизам за сите млади, а особено за оние кои се социјално исклучени или маргинализирани, информираа денеска од ХЕРА.

Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Куманово го отвори Претседателката на Управниот одбор на ХЕРА, Румена Ѓердовска Којчески, која истакна дека благодарение на поддршката и соработата со Здравствениот дом во Куманово и со локалната самоуправа, младите во Куманово отсега ќе имаат пристап до целосно бесплатни и доверливи услуги за сексуалното и репродуктивното здравје. „Центарот во Куманово се отвора по примерот на постојните два младински центри „Сакам да знам“ на ХЕРА во Скопје кои постојат повеќе од 15 години и се препознаени од  Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Инфективната клиника. Годишно ги посетуваат меѓу 2.000 и 3.000 луѓе заради дерматовенеролошки и гинеколошки прегледи, услуги за советување и тестирање за ХИВ, советувања од психолози, социјални работници, правна помош и врсничките едукации“, дополни таа.

Градоначалникот Максим Димитриевски нагласи дека Општината без двоумење го поддржала отворањето на новиот младински центар, затоа што младите ќе имаат пристап и до простор за активизам и дебати што ќе овозможи отворено да се разговара за теми што често се перципирани како табу и за решенија согласно нивните потреби.

Со отворањето на ваков центар директно се поддржува остварувањето на правата на младите за пристап до научно-засновани и медицински поткрепени информации и едукација за тоа како да го унапредат своето сексуално и репродуктивно здравје. Воедно, добиваат и безбеден простор каде што ќе може да се обратат за прашањата од нивното секојдневие и советување од стручни лица, како и информирање и едукација од нивни врсници.

Од ХЕРА наведуваат и дека Народниот правобранител констатирал дека во 2016 и 2017 година над 700 малолетни девојки во Македонија станале мајки, а 62 решиле да не ја продолжат бременоста. Од друга страна, според истражувањето на ХЕРА, 96 % од родителите сакаат нивните деца да знаат каде да се обратат за медицинска помош во случај на ризик од ХИВ и сексуално преносливи инфекции.

„Сакам да знам“ Куманово незаштитен сексуален однос ХЕРА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.